Фантоми во Собранието: И Павле Трајанов е фантомски гласач


Се зголемува бројот на апсурдни примери од листата која ја објави ДИК, а на која се наоѓаат т.н. неконзистентни гласачи.

Најнов фантом и непостоечки граѓанин според СДСМ е Павле Трајанов, поранешниот министер за внатрешни работи и претседател на Демократскиот Сојуз. Трајанов не е ниту единствениот пратеник кој е на списокот на сомнителни гласачи, а бројот на примери со кои паѓаат во вода смешните тези на СДСМ дека некој им ги крадел изборните победи е се поголем и поголем.pavle trajanov

Вчера јавноста дозна дека на списокот на фантомски гласачи се наоѓаат и Јани Макрадули, Гордан Георгиев, Мирјана Најчевска, Благој Ханџиски, сестрата на Радмила Шекеринска, Лилјана, Фиат и Сефер Цановски, Дарко Давитковски од СДММ, новинарите Ерол Ризаов и Ида Протуѓер, сестрата на Катица Јанева и таткото на портпаролката на ДИК Љупка Гугучевска.

pavle-fantom

СДСМ долго време ги користеше т.н. фантомски гласачи како изговор за поразите на избори, односно за непризнавање на изборните резултати и создавањето кризи во Република Македонија.

Веднаш по објавувањето на списокот на ДИК им стана јасно и на најголемите поборници за овие апсудрни и смешни тези дека списокот со т.н. фантомски гласачи е преполн токму со членови, функционери и поддржувачи на СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1