Притвор за началникот на петта управа на МВР


30 дена притвор му одреди Кривичниот суд на Г Г, првоосомничен во случајот „Тврдина“. Судот го уважил барањето на Специјалното јавно обвинителство за изрекување на мерката притвор поради основано сомневање за уништување на опремата за прислушување и фалсификување документи.g_osnoven-sud11

Тој  се појави на распит во Основниот суд Скопје 1, кој траеше речиси осум часа.

– Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присутво на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор, стои во соопштението

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1