Фараонот Тутанкамон имал женски колкови (Фото)


Златната посмртна маска на владетелот на древниот Египет, Тутанкамон го прикажува како убав и строен маж. Меѓутоа познатиот фараон имал исфрлени заби, криво стапало и женски колкови, покажало најдеталното испитување на неговите посмртни остатоци.

Виртуелната аутопсија со која се направени повеќе од 2.000 скенирања на неговата мумија, покажале дека младиот фараон морал да користи стап за одење и дека едвај се движел. Исто така генетската анализа докажала дека неговите родители биле брат и сестра.

272792_tutankamon-01-reuters_ffНовите испитувања на тимот научници од Институтот за мумии во Италија покажале дека има повеќе генетски недостатоци и хормонски дисбаланс, како и тоа дека сите тие негови болести довеле до неговата преранета смерт. Освен што се негираат теориите дека е убиен или дека настрадал од повреда здобиена за време на трка со двоколки. Новите истражувања покажуваат дека не бил способен да вози двоколки.

Водачот на тиот Алберт Зинк ја открил вистината за неговите родители испитувајќи ја ДНК-та на кралското семејство. Така е утврдено дека Ехнатон, познат еретички крал, водач на најголемите промени во древниот Египет и човек кој го вовел монотеизмот , имал односи со својата сестра и дека од таа бизарна врска бил роден Тутанкамон. Во тоа време инцестот не бил сметан за табу.

Хутан Ашрафијан од Имеријал колеџот во Лондон изјавил дека неколку членови на семејството страдале од болест која може да го објасни хормонскиот дисбаланс.tutankamon-egipat-faraon-1413823618-583094

– Многу негови претходници живееле до длабока старост. Само членовите на неговата директна линија умирале рано, и тоа се порано во секоја нова генерација – вели тој.

Радиологот Ашраф Селим вели дека аутпсијата докажала дека Тутанкамон имал криво стопало.

– Тутанкамон едвај одел поради тоа стапало. И тоа го мачело поголемиот дел од животот. Едиснтвена рана која е пронајдена, а која настанала непосредно пред неговата смрт е раната на коленото – објаснил радиологот.

Доказот дека куцал се 130-те стапови за одење, откриени во неговата гробница.

Тутанкамон на власт дошол 1332 година п.н.е но бил толку слаб владетел што свештениците на Амон Ра го убедиле да ги напушти реформите на својот татко. Кога повторно дозволил вера во повеќе богови го променил името во Тутанкамон. Починал во 1323 година п.н.е. Бил безначаен владетел но бил популарен бидејќи во 1922 година била откриена неговата гробница единствената фараонска гробница која не била ограбена низ вековите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1