Фармерки и за 10 евра, блузи, фустани за 5 евра, ќе ве начекаат насекаде низ Грција. Почнаа големите попусти.Ваква е сликата деновиве и во Солун, најпознатата шопинг дестинација за Македонците. Освен чистиот воздух, мирисот на море, Македонците се први во трговските центри, најмногу во Космос каде што има гардероба со цени по македонски вкус, пишува eмагазин.mk.
Тука се најпознатите модни брендови за средна класа, од Зара до Манго, со видливи поевтини цени, отколку кај нас. Кога во нив има попуст, тоа е буквално, а не „нешто као попуст“, како што се прави кај нас. За домаќински работи, задолжителна Икеа.
Туристичките агенции веќе се букирани за следните неколку денови кога се најголемите попусти во солунските продавници. Се нуди еднодневно шопинг патување до Солун секоја сабота или недела од утре, па се до крајот на февруари, а цените се различни и се движат од 800 до 1.200 денари за повратен билет со автобус.