Фаталната Србинка Дрaгана Михајловиќ која полицијата ја упасила во Малта, па ја пуштила поради мистериозната смрт на двајца Британци, пријателите на починатите ја обвинуваат дека е убиец и ловец на пари.
-Драгана е уапсена откако британскиот пензионер Невиле Ајерс (78) е пронајден мртов во станот после бурната ноќ помината со неа, пишуваат српските медиуми.
Во врска со Драгана порано бил и Давид Грант, но и тој починал и тоа во февруари оваа година.
Полицијата ја уапсила, но не воспоставила дека двајцата мажи починале од насилна смрт.
Сепак пријателите на починатите мажи велат дека Драгана е монструм и дека ги врбува мажите за да ги искористи.
– Таа е чудовиште. Го завлече мојот пријател Давид во својот живот, се пијанчеше со неа, се забавуваа, го исцрпуваше додека на крајот не го уби,напишал пријателот на Давид на Фејсбук.