Пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу гo искина предлогот на Програмата за одбележување јубилејни настани и значајни личности за 2013-та година и го фрли кон претседателот на Собранието Трајко Вељаноски. Eден дел од неа фрли и кон салата, гледајќи кон редовите на ДУИ.
Според Фазлиу, ДПА е незадоволна од изборот, но и од културните настани кои се предвидени за Албанците во Македонија и ја обвинија ДУИ за тоа што ги нема значајните датуми за Албанците. Инаку, во програмата се предвидени околу 10 одбележувања на имиња од албанската култура.
– Oва што го правите е потсмевање со Албанците. Тоа е навреда за нив. Затоа, оваа програма е со поминат рок и не заслужува воопшто да се дискутира за неа. Срам за Албанците, но и срам, за вас затоа што дозволувате да се расправа за работи кои се веќе завфштени, рокот им е поминат, изјави Фазлиу.
По ова Вељаноски ја прекина седницата и даде полчасовна пауза. Паузата од половина час што ја даде Вељаноски заради смирување на страстите, се оддолжи на повеќе од два часа. Во меѓувреме, ДУИ реагираше. На Фазлиу и на ДПА не им е првпат да манифестират некултурно однесување, рече Ермира Мехмети Деваја