ФБИ агент открива како да откриете кога некој ве лаже


Цели 23 години ЛаРеј Кју работела во ФБИ како агент за контра-разузнавање. По 23 години работа, таа го напушта ФБИ и започнува работа како автор и консултант. Во своите долги години работа како ФБИ агент таа научила многу трикови и сега го пренесува своето знаење. Сите оние кои сакаат да откријат дали некој ги лаже, треба да ги следат овие совети:zena lazenje

1. Изградете доверба

Луѓето реагираат на топлина и добродушност. Повеќето луѓе кои сакаат да ве измамат или излажат, ќе ви се отворат штом видат дека сте љубезни и фини.

2. Изненадете ги

Повеќето луѓе однапред се подготвуваат за прашањата кои би можеле да ги поставите, со цел да дадат поопуштени и поуверливи одговори. Затоа, поставете изненадно прашање и фатете ги на препад, веднаш ќе забележите сомнително однесување.

3. Повеќе слушајте, помалку зборувајте

Лажговците обично зборуваат повеќе од оние кои ја кажуваат вистината, бидејќи сакаат да делуваат поуверливо и мислат дека со повеќе зборење ќе го постигнат тоа. Често ќе употребуваат сложени реченици и зборови за да ги збунат другите.

Обрнете внимание на следните работи:

~ Стресот обично ги тера луѓето да зборуваат побрзо
~ Луѓето под стрес зборуваат погласно
~ Во моментот кога човек кажува лага, природниот глас му се променува
~ Постојано кашлање или прочистување на грлото се знак за тензија

4. Внимавајте на начинот на кој кажуваат „НЕ“

Луѓе кои кажуваат НЕ и притоа лажат, обично:

~ Кажуваат „НЕ“ и погледнуваат на друга страна
~ Кажуваат „НЕ“ и ги затвораат очите
~ Кажуваат „НЕ“ откако претходно се двоумеле
~ Кажуваат „НЕЕЕЕЕЕ“ што е можно поиздолжено
~ Кажуваат „НЕ“ со певлив тон

5. Внимавајте на промените во однесувањето

Нешто не е во ред ако:

~ Одеднаш има дупки во меморија и не се сеќава, иако претходно се било нормално
~ Дава прекратки одговори и не сака да се доискаже
~ Одеднаш почнува да зборува премногу формално
~ Претерува со описите (се е прекрасно и одлично)

6. Замолете ги да ви ја раскажат случката од крајот кон почетокот

Лажговците обично ја кажуваат приказната од почеток до крај токму онака како што ја запаметиле и ако ги прашате да ја раскажат од крај кон почеток, ќе се збунат и тешко дека ќе можат да се снајдат, бидејќи ќе им биде тешко да го нарушат шаблонот по кој ја запаметиле приказната.

7. Чувајте се од премногу комплименти

Нормално е да добиете комплимент, но не е нормално една личност да се согласува со сите ваши мислења, да се смее на сите ваши шеги и да вели „Така е“ на секоја ваша реченица. Ако забележите вакво претерано однесување, нешто не е во ред.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1