Чудо на Свети Никола: Тримесечниот син и умирал на раце, но таа не се предаде


Блaгодарение на присебноста на својата мајка Жана (24) тримесечниот Романо Брковиќ од Дубровник остана жив.

-На Свети Никола во 16:30 часот го доев и отидов во кујната да направам дохрана. Слушнав чуден звук, како благо кашлање и дотрчав во собата. Тој се гушеше. Почнав да го тапкам по грбот, го ставив преку коленото и тој почна да ги превртува очите. Му давав вештачко дишење уста на уста и пак ништо, ни пулс. Го грабнав и боса во пижами истрачав на улица и го запрев првото возило што наиде, вели Жана.trimesecensin-i-umiral

Во автомобилот бил брачен пар, а сопатничката Грациела веднаш го зела Романо во прегратка и се обидела да го оживее, истовремено смирувајќи ја и храбрејќи Жана.

Дошле до болницата, а медицинските сестри го зеле бебето од мајчините раце и веднаш повикале лекари кои почнале да се борат за животот на детето. Имал конвулзии, но со лековите му се стабилизирале нападите и повикале хеликоптер да го префрли во Клиничкиот центар во Сплит.

-Според степенот на вкочанетост и зениците, без кислород останал десет минути, а мене тоа ми изгледаше како да е година, зборува оваа самохрана мајка додавајќи дека не знае како останала присебна.

-Кога стигнал хеликоптерот, не ми дадоа да одам со него. Утрото зедов упат да бидам со него на одделение како мајка доилка. На секои 10 минути му се јавував на д-р Житко, која го прими, за да проверам дали е жив, се потсетува Жана.

Романо беше во инкубатор, приклучен на апарати кои му ги одржуваа виталните фукнции, беше во кома за да не му отекува мозокот и полесно да се опорави.

-Застанав крај инкубаторот и му шепотев, а тој почна да мрда. Тогаш лекарите му ја засилија дозата, за три дена да не се буди од кома. Ми рекоа да бидам подготвена за последиците, но се гледа дека сега се е во ред. Се смее, ги фаќа играчките, нормално реагира и комуницира, вели Жана, кога е во болница со синот повеќе од две недели.

Вели дека и е страв како ќе се снајде кога ќе биде сама со него дома.

-Ќе најдам начин да ги совладам своите стравовои. Сите наоди се супер. И лекарите се изненадени. Не чека магнетна резонанца и дома треба да бидеме околу Нова година. Секако дека не чекаат редовни контроли. Но најлошото помина и им благодарам на сите лекари што ми помогнаа, вели мајката и им се заблагодарува на сите што и помогнале.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1