На прес конференција која се одржа пред малку ФБИ и официјално ги објави фотографиите од осомничените за поставувањето на бомбите на бостонскиот маратон во кој загинаа 3 лица од кои едно 8 годишно дете.
Според ФБИ се бара помош од сите кои имаат било какви информации за момчето со бела капа – но предупредуваат граѓаните да не превземаат ништо на своја рака бидејќи и двајцата осомничени се сметаат за опасни и вооружени.