Американската полиција уапси 25-годишен маж што планирал на новогодишната ноќ да изврши напад врз ресторан во Рочестер, Њујорк.
„ФБИ го спречи Имануел Лачмен во намерата на новогодишната ноќ да убива цивили“, соопшти американското Министерство за правда.
Лачмен бил уапсен откако во вторникот купил материјали за планиран напад врз продавницата Волмарт во Рочестер. Обвинетиот комуницирал со врска на ИСИС и искажувал омраза кон Америка, која ја нарекувал „земја на куфарите“ (неверниците), како и желба да отпатува во Сирија за да ѝ се приклучи на терористичката група.
Како што јави Ројтерс, претставникот на американското Федерално биро за истраги Адам Коен изјавил дека ФБИ е загрижено поради луѓето што од други делови на светот преку интернет „ги мотивираат луѓето во САД да вршат насилство во местата во кои живеат“.
Стејт департментот соопшти дека мажот е обвинет дека се обидел да ѝ даде материјална поддршка на терористичката Исламска држава.