После бурата од насилство низ улуците на главниот град Скопје, МВР превзема нови мерки на следење на социјалните мрежи кои потикнуваат на нови протести и насилства.
Македонската полиција изрази загриженост откако на Facebook се појавија групи кои повикуваат на нови протести во петок против, како што тие ја нарекуваат “анти-албанската политика” на земјата и “тортура и напади врз Албанците” извршени од страна на етнички македонското мнозинство.
Некои Фејсбук групи ги повикаа луѓето да протестираат пред зградата на владата по завршувањето на пладневната молитва во џамијата Јаја-паша, во општина Чаир.
„Никој официјално нема најавено протест за в петок, но ние сме свесни за повици на социјалните мрежи и будно ја следиме ситуацијата”, изјавил за BIRN, полицискиот портпарол Иво Котевски.
Полицијата повикува на воздржаност, но предупреди дека хулиганите ќе биде казнет.
ЗаСе.мк