Фејсбук изгуби спор со корисници – не смеело името да им се појавува дека лајкувале


Филијала на Фејсбук во Сан Франциско, се согласила да плати 100,000,000 долари (пари кој ќе бидат наменети за добротворни цели), со цел да се спогоди со корисниците, за истите да ја повлечат тужбата, поради кршењето на нивните правата, односно злоупотреба на нивните имиња, фотографии и други податоци при поставување на една реклама на социјалната мрежа.

facebook-down11Во тужбата поднесена од страна на пет членови на Фејсбук, наводно социјалниот сајт го прекршил законот во Калифорнија, со тоа што ги објавил имињата на тужителите, дека лајкнувале одредена реклама, а притоа не добиле никаков надомест за истата.

„Sponsored Story“ е реклама која се појавува на страницата на Фејсбук и генерално содржи име на друг пријател, негова слика и тврдење дека личноста ја сака рекламата со тоа што ја лајкнал.

Facebook's Influence In Consumer Consumption Of News GrowingСпогодбата била постигната минатиот месец, а претставници на фејсбук одбија да го коменираат целиот случај.
Тужбата била поднесена во федералниот суд во Сан Хозе, Калифорнија, а истата е добра основа за речиси секој трет Американец, да може да тужи и да добие билиони долари оштета, барем според судските документи.

Во тужбата, извршниот директор на Фејсбук, Марк Цукерберг, бил цитиран како вели дека релевантната препорака е „Свет Грал“ за рекламирањето да биде успешно.

1.-Mark-CukerbergПокрај тоа тужбата наведе и коментари од Фејсбук оперативниот офицер Шерил Сандерг, велејќи дека вредноста на „Спонзорираната приказна“ била најмалку двапати, до три пати од вредноста на стандарндата реклама на Facebook.com и без одобрување од пријателот.

Американскиот окружен судија Луси Кокс, изјави дека тужителите покажаа дека може да се случи економска повреда преку користењето на Фејсбук, на нивните имиња, фотографии и други слични податоци.
Калифорнија одамна го призна правото на заштита на имињата и нивното користење за туѓа реклама.
Спогодбата позната уште и како „cy-pres settlement“, значи дека средствата од истата ќе бидат донирани во добротворни цели.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1