Фејсбук ќе ги обележува лажните информации и спиновите


Фејсбук најави дека во блиска иднина ќе почне да ги маркира лажните вести, кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Вестите за кои има сомнеж или индиции дека се лажни, а имаат за цел ширење дезинформации, ќе бидат обележани со посебно знаменце, стои во објавата на компанијата.facebook-696x456-56870-72400

Имено, ако под насловот забележите ознака „оспорена вест“, ќе можете преку еден клик да дознаете и зошто веста е оспорена. Фејсбук нема да врши проверка на вестите, туку за тоа ќе биде задолжена меѓународната новинска организација „Поинтер“.

– Ќе ги користиме известувањата на нашата заедница и заедно со другите показатели, ќе ги препраќаме до оваа организација. Ако се утврди дека информацијата е лажна, таа ќе биде означена како „оспорена“ и ќе биде придружена со линк до објаснувањето, се наведува во соопштението.

Тоа значи дека корисниците и натаму ќе ја имаат слободата и правото на Фејсбук да објавуваат непроверени информации, но тие сега ќе бидат обележани.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1