Фејсбук ќе ги распознава и брише пијаните фотографии


Со помош на вештачка интелигенција и препознавање на ликовите, Фејсбук ќе успее да ги разликува фотографии каде што сте пијани и трезни.

Нема човек на кој барем еднаш не му се случило на Фејсбук да објави пијана фотографија, а веќе утредента да не се сеќава дека воопшто се сликал.

За да не запаѓате во проблеми заради вашите пијани фотографии, Фејсбук започна да развива софтвер кој ќе може да ги препознае и објави само „трезните“ фотографии.

facebook-pijanii

Покрај тоа, пред секоја објава ќе ви го постави прашањето: Дали си сигурен дека сакаш ова да го видат мајка ти и твојот шеф?

Јан Ле Кун кој е задолжен за овој дел од Фејсбук вели дека ќе се потруди да направи еден вид на асистент кој ќе може да препознае дали фотографијата е објавена со или без дозвола на оној кој се наоѓа на неа, што значително ќе ги намали грижите на корисниците.

Овие додатоци можеби се конечно решение на проблемите, но се сметаат за малку контроверзни со оглед на тоа што се користи вештачка интелигенција, наместо одлуките на корисниците на социјалната мрежа.

Токму затоа сите се надеваат дека ќе бидат само опција, а не задолжителни за секоја Фејсбук корисник.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1