Фејсбук мора да плати оштета на 614.000 луѓе – користел нивни слики и податоци во реклами


Повеќе од 614.000 корисници на Фејсбук ќе добијат оштета од компанијата, поради тоа што нивните податоци се појавиле во еден оглас на оваа социјална мрежа, без претходна дозвола. IT гигантот ќе исплати вкупно 20 милиони долари оштета, а речиси половина од нив ќе бидат исплатени поединечно – по 15 долари за секој оштетен.

facebook-valuation.gi.ju.topИначе, имињата и фотографиите на повеќе од 150.000 милиони корисници на оваа популарна социјална мрежа, биле користени во кампања под име “Sponsored Stories”, но само оние кои одговориле на своите меилови по повод компензација, ќе добијат пари. Освен нив, исто така оштета ќе им биде исплатена и на разни организации кои се борат за приватноста на интернет, пренесува BBC.

Судијата Ричард Сиборг призна дека оштетата од 15 долари е прилично мала, но наведе и дека никој не докажа дека Фејсбк “недвосмислено го прекршил законот”, како и дека оштетените не можат да докажат дека се оштетени на значаен начин. Освен оштетата, побарано е и промена на условите за користење на оваа социјална мрежа.

Иначе, судот утврдил дека Фејсбук со користење на тие податоци имал заработка од околу 73 милиони долари, а адвокатскиот тим проценил трошоци за судењето и конечна пресуда од дури 145 милиони долари.

Повеќе инфо на – Think.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1