Фејсбук на небото испраќа џиновски летала големи колку Боинг


Познато е дека Фејсбук од порано планира со беспилотни летала да го стави целиот свет во мрежа и да доведе интернет во најнеразвиените делови од планетата, но новиот проект звучи како да е излезен од научно-фантастичен филм.

Небото на иднината, барем како што го замислуваат луѓето од Фејсбук, би можело да биде дом на огромни беспилотни летала со погон на соларна енергија, кои повеќе месеци, можеби дури и една година ќе останат во воздухот и со ласери ќе испраќаат интернет сигнали на земјата.TECNOLOGIA-Drones-facebook

Директорот за развој, Jael Megvajer, изјавил дека леталата треба да бидат на големи височини, далеку над комерцијалниот воздушен простор, но и далеку од делови на атмосферата во кои временските услови би можеле да прават проблеми.

“Сакаме тие летала во атмосферата да бидат со месеци, можеби и години. За нив најпрво треба да се размислува како за авиони, бидејќи ќе бидат големи како нормални патни авиони, каков што е Boing 747. Еден прототип кој го имаме во лабораторија е долг колку шест или седум автомобили слични на Toyota Prius, но тежи колку четири автомобилски гуми.“, изјави Megvajer.drones_facebook

За сега не се знае кога овие џинови ќе полетаат, но најавен е барем еден тест лет во САД во текот на 2015 година.

На листата потенцијални земји во кои леталата би функционирале во иднината се Индија и уште 21 земја од Јужна Америка, Африка и Азија, а не се знае како Фејсбук мисли да го спроведе својот план во прописите со кои е уреден воздушниот простор над тие земји.fejs drone

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1