Рајот постои, Исус е вистински – го видов – тврди ова дете (Видео)


Кога Колтон имал 3 години докторите мислеле дека нема да ја преживее операцијата и ги предупредиле неговите родители да бидат подготвени за најлошото. Неговиот татко Тод, кој е проповедник, се затворил во една болничка соба и се молел на Бога. Меѓутоа, Колтон не само што преживеал – туку и многу брзо оздравел и излегол од болница по само 17 денови.

Тој на своите родители им опишал дека додека хирурзите го оперирале го посетил рајот, седел во скутот на Исус, ги галел неговите коњи и ја слушал песната на неговите ангели кои имаат крила. Сега оваа чудесна приказна на малиот Колтон е реализирана во холивудскиот филм “Heaven is For Real”, но и во книга.kolton-burpo-670x294

Колтон им раскажал на родителите дека зборувал и со својот прадедо, кој починал пред 30 години. Исто така разговарал и со својата сестра, која му кажала дека починала додека била во стомакот на нивната мајка Соња. Неговиот татко, 45-годишниот Тод, вели дека бил вознемирен, бидејќи на почетокот мислел дека неговиот син си замислува. Меѓутоа, сите сомнежи исчезнале кога неговиот син му кажал дека зборувал со прадедото и сестрата, која Соња ја изгубила една година пред раѓањето на Колтон. Тод вели дека никогаш не разговарале со Колтон за неговиот прадедо.

Колтон вели и дека видел како го напушта своето тело и гледал како неговиот татко се моли на Бога, а неговата мајка плаче. dete isus

Тој го користи своето искуство да ги утеши тешко болните деца и нивните родители. Тоа им помага на децата да сфатат – Еј, не мора да се борам со оваа болка…Ме чека нешто подобро. Тој ги убедува дека кога ќе влезат во рајот, ќе имаат најубави моменти. Тој преку Скајп комуницира со болните деца и им вели:

Не се плашам дека ќе умрам, бидејќи знам каде одам. А на оние кои мислат дека зборува нереални работи им порачува: Верувајте во што сакате, но тоа нема да ме спречи да го споделам тоа што го видов. Тој изјавил дека Исус имал кафена брада, прекрасна насмевка и сини очи.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1