Фејсбук редовно го надополнува својот интерфејс со нови опции а една од нив е и додавањето алатка која им овозможува на корисниците да ја бираат содржината што ќе им се појави најгоре.
„See first“ алатката за новости на newsfeed е мала победа за корисниците кои немаат контрола врз информациите кои ги добиваат. Со оваа алатка ќе можат да ги бираат постовите кои им се приоритетни и сакаат да ги видат први. Постовите можат да бидат од пријатели или од страници на организации и бизниси.
Истите ќе се појавуваат со ѕвездичка во ќошот за корисникот да има преглед кои страници му се на „see first“ листата.