Веќе сме сите на работ со енергија истрошени од целогодишниот ангажман и сите едвај го чекаме летниот одмор за да забегаме на најблиската плажа или планина.
Секој како може ќе гледа да се одмори и врати полн со живот и елан за работа, освежен од безделничењето и убавините на местото што го посетил, арно ама во тие моменти се заборава на едно нешто, што оставаме зад себе и како ќе го најдеме по враќањето.
Со цел заштита на имотите, автомобилите вредните работи, па дури и парите, кој ги има, полицијата, поточно одделот за превенција од криминалистички работи, со апел.
најчесто одствата од домот заради летните одмори се објавува на Фејсбук или твитер со што им се олеснува работата на крадците давајќи им до знаење дека објектот е празен.
Не само оние од градот туку на мета на крадците се и оние од селата, па треба да се најави отсуството кај роднини соседи блиски за да се заштитиме.
има и посигурни мерки, но и поскапи – да се посатват сигурносни врати, и прозорци, аларми, видео надзор светилки на автоматско палење…
Златко Дуковски