Фекално цунами во Рио де Жанеиро – пукната цевка поплави куќи и уби 3 год дете (Видео)


Голема пукнатина на канализациска цевка во квартот Кампо Гранде во Рио де Жанеиро предизвика вистинско мини цунами, што зафати картонски куќи и повреди неколку лица, јавуваат локалните медиуми.

Tubulação-da-Cedae-se-rompeu-na-Estrada-do-Mendanha-em-Campo-Grande-na-Zona-Oeste-do-Rio-de-Janeiro-1024x641Телевизијата „Глобо њуз“ објави видео запис на кој се гледа како водата отскокнува од пукнатината на цевката и носи се пред себе, како автомобили, отпадоци и полесни градби.

Локалната компанија за водоснабдување и канализација „Седрела“ ја потврди информацијата за оштетената цевка. Водата предизвика и прекин на електричната енергија во квартот.

Според „Глобо њуз“ пожарникарските екипи ги евакуирале локалните жители со гумени чамци. Неколку амбулантни возила биле испратени да ги преземат повредените. Според информациите едно 3 годишно дете загинало кога било поклопено од куќарката која била однесена од надојдената вода.

cunami rio de zeenairo

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1