„Фемили“ на протест порача: Аеродром е плаво-бел! (ФОТО)


„Аеродром е плаво-бел“ и „Јане Сандански е мојот дом“ се пораките кои припадниците на навивачката група „Фемили“ ги испратија на вечерашниот мирен протест пред новата сала во која нивните миленици, кошаркарите на МЗТ Скопје, ќе играат од идната сезона.

Реакцијата на фановите на трикратниот шампион дојде поради фактот што сопственикот на новоизградената сала „Јане Сандански“ решил дел од столчињата на трибините да бидат во црвена боја, која ги асоцирала на нивниот најголем ривал, Работнички. Околу двесте членови на „Фемили“ мирно го изразија својот револт, а по еден час стоење пред спортскиот објект го завршија протестот. Пред неговиот крај во воздухот можеше да се забележи мини-хелихоптер на кој беше прикачена камера, а кој беше своевидна атракција за присутните пред салата.

Фото: Tip.com.mk

slika-1

sala-1

MK News

Автор инфо

Trackbacks/Pingbacks

  1. „Фемили“ на протест порача: Аеродром е плаво-бел! (ФОТО) | Балканлоок - 29/06/2014 22:30

    […] Прочитај повеќе тука: mkd-news.com […]

Остави коментар

UA-33057274-1