Жена на возраст од 60 годиним која во средата во австрискиот град Велс роди близанци е Албанка од Косово, јавуваат австриските медиуми.
Таа во клиниката Велс-Гризкирхен ги донесе на свет момчињата Елдион и Елмедин.
И бебињата и мајките се одлично, вели гинекологот Алфред Бахрере. Тој објаснува дека во тие години не е возможно да се забремени по природен пат и дека пациентката останала бремена по вештачкото оплодување кое најверојатно е направено во Турција.
-Тоа значи дека таа не им е генетска мајка, вели лекарот.
Брачната двојка веќе има една ќерка, но желбата за синови – наследници надвладеала.
Портпаролката на болницата вели дека во тие години бременоста е исклучително ризична, но оваа одлично поминала. Покрај старост, голем ризик претставува тоа што мајката имала дијабетес и била слабокрвна.