„ФИЛИП ВТОРИ“ – Спасен уште еден детски живот – изваден тумор од срце на 12 годишен кошаркар


Создавањето на здраво поколение е сериозна мисија врз која влијаат многу фактори. Понекогаш родителите колку и да се грижат децата да останат здрави,  постојат недоброј причини кои го нарушуваат здравјето, врз чие појавување сите се немоќни.

Сериозните заболувања кои ги имаат децата се болка која ја знаат само тие што ја почуствувале на сопствени плеќи.

Во специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ подеднаков третман при лекувањето имат сите пациенти, а кога се децата во прашање тогаш се создава и непостоечкото шесто сетило.filip vtori momce

М.И е момче на 12 годишна возраст,  активен кошаркар,  донесен во под сомнение за постоење на туморска маса во десна комора на срцето.

Приказната започнала пред неколку месеци, кога заради покачена температура и кашлица, малиот  М.И  бил лекуван во повеќе центри во и надвор од државата.

По направените дијагностички процедури, во Специјалната болница „ Филип Втори “, беше потврдена дијагнозата за постоење на тумор во десна комора и десна предкомора на срцето.

Поставена беше апсолутна индикација за оперативно отстранување на туморот. По соодветна подготовка беше извршен оперативен зафат за целосно отстранување на туморот. Операцијата се одвиваше без никакви компликации.

Постоперативно се дијагностицираше постоење на трајно оштетување на системот за спроведување на импулси во срцевиот мускул.

Момчето, инаку талентиран покрај за кошарка и за изработка на графити, беше најмладиот пациент со толку долг престој во нашата болница.

Послушно и мирно, свесно за сериозноста на сопственото здравје , се занимаваше на свој начин, со цел да му поминат долгите денови.

По три недели опоравување му беше поставен и траен пејсмејкер. Се се одвиваше во најдобар ред и без компликации.

По речиси 40 дена болничко лекување, неколку дена пред неговиот тринаесетти роденден, М.И  си замина дома, со ново срце, нов и стабилен срцев ритам и нови визии за иднината.

На иницијатива на Академик д-р Жан Митрев го посетивме ненајавени , сакајќи да го изненадиме за неговиот 13 роденден,  во што и успеавме.

Извор ФИЛИП ВТОРИ / falanga.com.au

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1