Видео: Во месара со четка за кондури го рибаат месото


Купувачите останале шокирани кога отишле да купат месо и виделе како месарот го риба месото со четка за чистење кондури.

mesoВо локална месара во градчето Артавија во Египет работникот упорно го ,,рибал,, месото кога купувачите влегле во месарата. Оправдувањето на месарот било дека тоа било шега и на тој начин сакал всушност да им покаже на купувачите дека кај него месото е чисто и свежо измиено за да привлече поголем број муштерии, објави Emirates247.com

Но неговиот потег имал контраефект кога згрозен муштерија го снимил и објавил видеото како месарот ги крши правилата за хигиена.

,, никогаш повеќе нема да купам месо од оваа месара,, рекол згрозениот муштерија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1