Филипче ќе го разреши Зибери кој ги повика иселениците да гласаат за премиер Албанец


На денешната прес конференција министерот за здравство Филипче рече дека ќе се консултира со правни лица и ако постои можност уште денеска Зибери ќе биде сменет на местото директор на Центарот за јавно здравје.

Зибери утрово на Фејсбук се пофали дека ДУИ допринела да се отворат границите без протоколите од Светска здравствена организација односно негативен тест и 14 дневна изолација.

Филипче додаде дека Зибери воопшто не е член на Комисијата за заштитна од заразни болести и дека неговата изјава е политичка и несреќна.

Зибери за ФОКУС со контра став.- „Министерот Филипче да престане да ја злоупотребува владината говорница за изборни препукувања. Јас сум кандидат за пратеник и имам право на мојот приватен фејсбук профил да имам и политички ставови, при тоа во ниту еден момент злоупотребувајќи ја институцијата која ја водам како што за жал прави министерот . Зибери е кандидат на изборната листа на ДУИ во 1 та изборна единица на втората позиција а е и внук на шпицен кандидатот на ДУИ за премиер нотарот Насер Зибери.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1