Владата на денешната седница донела одлука за воведување кризна состојба во дел од државата, односно во општините Дебар и Центар Жупа откако во Дебар се потврдени уште четири нови случаи на заразени од коронавирус.
Министерот за здравство Венко Филипче информираше дека досегашните пациенти се во стабилна состојба, освен првата пацентка од Дебар која беше заразена заедно со нејзиниот сопруг. Кај неа има влошување на состојбата и е на граница на вклучување на апарат за механичка вентилација.
Денеска дошле материјали за тестирање од Центарот за јавно здравје во Дебар од уште десет лица и од нив четворица се покажале позитивни на коронавирусот. Тие ќе се префрлат на Инфективната клиника во Скопје.
На скопскиот аеродром кај еден патник од Германија, македонски државјанин, регистрирана е повисока температура. „Тој и патниците кои седеле до и околу него се изолирани. Од сите земени се примероци и се чекаат резултатите“, рече Филипче.