На денешниот брифинг со новинари министерот Венко Филипче соопшти дека единствената заболеа со корона вирусот е во добра состојба и веќе трет ден нема температура.
Двајца македонски доктори кои биле на предавање во Мадрид и се вратиле во саботата доцна навечер, се испитуваат за корона вирусот, бидејќи еден од преседавачите на конференцијата на која тие учествувале му е утврден корона вирусот.
„Викендов во државава се пристигнати 10 автобуси, и два авиони, сите патници се испрашани од страна на полиција, немаме податок дека има некој заболен, или дека некој од патниците бил во контакт со некој заболен од ризичните подрачја од Северна Италија“, изјави министерот.
Тој додаде дека во текот на денот резултатите за двајцата доктори ќе бидат готови.
„Двајца наши колеги лекари биле на предавања во Мадрид, каде што еден од предавачите бил заболен. Пристигнале доцна синоќа во нашата земја, немале контакт со голема бројка на луѓе. Тие денеска ќе бидат тестирани на инфективна клиника, па потоа ќе бидат во домашен карантин во траење од 14 дена. Со тој предавач немале контакти и мали се шансите да се заразени, но за секој случај ќе бидат тестирани и во карантин“, додаде министерот Филипче.
Додека за контрла во аптеките Филипче рече дека се уште не е завршено, но се очекува Пазарната инспекција контролата да ја заврши денес, а досега не се утврдени промена на цените на заштитините сретства од коронавирусот.
Тој на новинарко прашање дали мерката за јавни собири ќе биде продолжена и после 6 март, рече дека секојдневно се носат одлуки и се зависи каква ќе биде ситуацијата. Доколку нема новозаболени во наредните неколку денови, мерката нема да се продолжи.