Филипче го пролонгира рокот за враќање на работа на хронично болните


До 23-ти септември имаат рок хронично болните да посетат специјалист и да добијат потврда доколку поради нивната дијагноза и состојба не можат да се вратат на работа. Ова е заклучокот од утринската средба на министерот за здравство и здруженија на пациенти. За да можат тоа да го реализираат Филипче најави дека ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин.

Готови се и измените на правилникот за боледувања во ФЗОМ, со кој специјалистот на неопределено ќе издава боледување. Од здруженијата се задоволни од средбата, бидејќи како што велат ќе има индивидуален пристап бидејќи има разлика од пациент до пациент.

Dоколку до 23 септември не завршат работа хронично болните, ќе има ново пролонгирање велат надлежните.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1