Филипче и Караџовски сметаат дека не е време за полициски час


Засега нема потреба од воведување на полициски час смета министерот за здравство и покрај рекордните 22-ца починати вчера како и исполнетоста на болничките капацитети. Филипче вели дека ограничување на движењето не е решение туку почитување на мерките, иако дел од предложените рестрикции се уште чекаат амин од Собранието. За големата смртност според здравствените власти причина било касното одење во болница и претходните хронични заболувања, изјава што постојано ја слушаме изминатите месеци откако трае корона кризата. Решението што го нудат од утре е ГОБ 8ми септември да преадаптира дополнителни две одделенија за ковид пациенти а помош ќе бараат и од приватни лекари.

-Во среда со лекарска Комора имаме состанок со приватни интернисти кои имаат договор со ФЗОМ, има 56 такви кои сакаат и кои ќе бидат вклучени како испомош, вели Венко Филипче, министер за здравство.

За разлика од Филипче, претседателот на Комисијата за заразни болести малку построг во изјавата порача дека македонскиот здравствен систем не е димензиониран за справување со пандемија и дека лекарите и епидемиолозите се тие што ги има, затоа граѓаните мора да бидат свесни и одговорни пред се за сопственото здравје.

-Јас лично мислам дека треба да има строги казни и така ќе се научат да бида тсвесни. Здравствениот систем е овој, ќе се бориме до крај, до последната капка, вели др. Жарко Караџовски, претседател на Комисија за заразни болести.

Според анализите во ИЈЗ, само 20 отсто од заразените имаат симптоми на болесата а еден процент од нив завршуваат на респиратор.

-Најголем број од пациентите се со лесна клиничка слика. Дел од симптомите се слабост малаксаност, затнат нос и температура. Со терапија, остануваат дома и ја примаат, вели Караџовски.

Караџовски не изостави да ги опомене медиумите да не бараат изјави за Ковид 19 од лица кои никогаш не излегле од канцеларија. Вели дека нема да дозволи никој да ја оцрнува Комисијата и незјините членови а тој и семјството не биле мафијаши и не се продавале за ситни пари.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1