Филипче: можно враќање на полицискиот час во региони со голем број заразени


Здравстевниот систем се подготвува за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, па нема да имаме такво сценарио, вели Венко Филипче во интервју за МКД.мк.

– Имаме план за дополнителни рестрикции согласно со некои мерки, ќе го промовираме наскоро. Тоа значи дополнителни рестрикции во региони каде што има појава на поголем број пациенти или е потенцијален ризик, нагласува Филипче.

Тој во интервју за мкд.мк потенцира дека во опција како една од мерките е и враќање на полицискиот час, затворање на училиштата и угостителските објекти и забрана за собири, додавајќи дека во планот на рестрикции битен е и регионалниот пристап.

Според него, полошо сценарио би значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои би ги окупирале истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид.

Во тој контекст е и подготовката на 16 ковид-центри и монтажни болници кои би тренало да почнат со работа од наесен.

Во услови кога се испитуваат повеќе вакцини против КОВИД-19, министерот за здравство смета дека оптимистичко сценарио е вакцината да биде достапна на почетокот на 2021 година.

– Аплициравме за ковакс-механизмот на СЗО, којшто би ги дистрибуирал вакцините тогаш кога секоја ќе дојде до производителите. Немаме доволно сознанија за тоа до каде се вакцините. Компаниите што се пријавени во ковакс се блиску до третата фаза на клиничко испитување. Мислам дека е оптимистичко сценарио на светот да му биде достапна вакцина во почетокот на следната година. Тие што се најнапред во процесот. За руската (вакцина) немаме многу сознанија, сè уште истражуваат нашите експерти, потенцира Филипче.

Тој нагласува дека од исклучителна важност е свеста кај граѓаните и почитувањето на мерките.

– Има сериозен дел од граѓаните што ги почитуваат, меѓутоа има исто сериозен дел што не ги почитуваат. Оваа здравствена криза нам ни наметна живеење по некои правила и многу е битно граѓаните да сфатат дека ова станува дел од здравствената култура. Има постојано апели, има примери, има луѓе со тешка форма на болеста, има луѓе што загубија блиски членови на семејството. Болеста е тука и постои, мора да се свесни граѓаните дека се самите одговорни за своето здравје ако не водат сметка. Јасни се принципите за превенција и ширење на вирусот, потенцира Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1