Сите граѓани, компании, институции, секој поединец, максимално сериозно и без никакви отстапки да ги следи насоките и препораките. Коронавирусот не е шега.
Единствениот начин да се заштитиме е секој еден, без исклучок, да се однесува одговорно. Сите информации се достапни, сите мерки се јасни. Мерките се заоструваат од ден на ден и ќе преземеме се што е потребно да го заштитиме јавното здравје, објави денеска на својот ФБ профил министерот за здравство Венко Филипче.
Но, посочува министерот, тоа институциите не може да го направат сами, потребна е силна поддршка и соработка од граѓаните.
– Останете дома! Не се собирајте, не се групирајте! Сите кои можат да работат од дома да го направат тоа. Особено внимавајте и заштитете ги највозрасните, ранливите и хронично болните, тие се во најголем ризик. Сите информации и препораки ги имате на овој линк: https://vlada.mk/covid19 #ЗаштитиСе #СедиДома , истакнува Филипче.