МЗ. Четири новозаболени со коронавирус


Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје.Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Министерството за здравство информира дека денешната бројка на заболени со коронавирус во земјата – состојба до 12.00 часот е 35. Утрово на коронавирус се позитивни 4 лица од Скопје. Состојбата на сите пациенти е стабилна.

Доцна синоќа на скопскиот аеродром пристигна авионот со патници од Брисел. Патниците беа тестирани на коронавирус и задржани во изолација до добивање на резулатите. Резулататите на сите патници се негативни, а тие се пуштени дома во задолжителна изолација.

Повеќе информации на прес-конференцијата на Министерот за здравство Доц. Д-р. Венко Филипче закажана за 15:00 часот во Владата на РМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1