Филипче патува за Атина за договор на патувањата, ЕК не препорачува здравствени пасоши


Министерот Филипче денеска патува во Атина каде ќе се сретне со грчкиот колега со цел да се координира под кои услови ќе се патува мегу двете земји. Вакви состаноци се планирани и со други држави од регионот за да се утврдат условите под кои ќе се преминуваат границите.

Препораките на Европската комисија кои вчера беа усвоени се дека тестови и корона пасошите не треба да бидат потребни при влегување во друга земја, со образложение дека тие не се ниту доволна гаранција, ниту се се научно валидни. Сепак, останува можноста земјите билатрелано да се догворат за начинот под кој ќе се одвиваа меѓусебниот сообраќај.

Европската комисија вчера се заложи за постепено отварање на границите внатре во Унијата, при што се препорачува регионите и државите кои имаат слична епидемиолошка слика да ги олабават рестрикциите и дозволат непречено преминување преку границите. Сепак пакетот мерки на 70 страници остана недокажан кога се однесува на патувањата во трети земји надвор од ЕУ. Поранешните препораки се дека до15 јуни тие ќе останат затворени, со објаснување дека прво треба да се кренат граничните рестрикции внатре во Унијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1