Уставниот суд го укина полицискиот час за возрасните над 67 и младите до 18 години


Времетраењето на полицискиот час ќе важи за сите граѓани без разлика на нивната возраст. Уставниот суд на денешната седница го укина ограничувањето за движење за возрасните над 67 години и младите до 18 години.. Мнозинството уставни судии, разгледувајќи ја владината одлука за посебен режим на движење, одлучиле да поведат постапка за нејзината уставност, а до конечната одлука, изречена е времена мерка со која се укинува старосната категоризација за времетраењето на полицискиот час.

Со одлука на владата, возрасните над 67 години можеа да се движат во периодот од 5 наутро до 12 напладне а младите до 18 години својот дом можеа да го напуштат од 13 до 19 часот.

Пред уставните судии денеска беше и владината уредба со која прекинаа сите изборни дејствија. Сметаат дека таа имала низа недостатоци, особено во делот за работењето на државната изборна комисија, но бидејќи не постоело друго решение, судиите одлучиле да не оценуваат дали уредбата е уставна и во согласност со законите.

Со одлука на Устанивот суд се поништи и уредбата која предвидуваше исплата на плати за вработените во СЈО.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1