Во Скопје на Клиниката за дигестивна хирургија, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, се уште не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани и неговите колеги- рече Филипче.
Министерот за здравство, Венко Филипче одржа редовна прес-конференција во Владата, каде ги изнесе најновите податоци за новозаболените пациенти од коронавирусот.
-Имаме пет починати пацинети на Клиниката за инфективни и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти заболени од коронавирус: пациент од Куманово (52г), пациентка од Лабуништа-Струга (65г), пациентка од Челопек – Тетово (62г) и една пациентка од Штип (81г). И уште еден еден пациент потврден на вирусот на возраст од 53 години од Куманово- рече Филипче.
Министерот истакна дека на Инфективната клиника во изминавие 24 часа се примени 4 пациенти, во моментов се хоспитализирани вкупно 67 пациенти, од кои 6 се на машина за дишење, 12 се со потешка клиничка слика.
-Има влошување на клиничката слика на родилката од Куманово, таа се уште е респираторно независна, но значајно потешка клиничка слика, интензивно се прати нејзината состојба- рече Филипче.
Во ГОБ„8-ми Септември“ хоспитализирани се 19 пациенти, од нив тројца се на ресираторна машина, а 9 се со потешка клиничка слика. Во Битола пристигнаа сите пацинети од Охрид, кои ќе лекуваат во овој регионален центар. Во Штип се хоспитализирани 4 пациенти, еден со средно тешка клиничка слика и тојца со лесна клиничка слика.
-Во Скопје на клиниката за дигестивна хирургија, едно лице од техничкиот персонал, кажал дека има заболени во неговото семејство, не потврдени за коронавирусот. Утре сите ќе бидат тестирани и неговите колеги на работа- рече Филипче.
Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово -7, Прилеп – 1, Струга 3 и Кочани – 3.
Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 599 лица. Во изминатото деноноќие направени се 386 теста. Досега во земјата се направени 5.879 тестирања на Ковид-19.
Министерот го честиташе Светскиот ден на здравјето, до своите колеги, медицинските работници кои се на првата борбена линија и даваат се од себе за третманот на пациентите, а со тоа спасуваат човечки животи.
Министерот упали апел до граѓаните да се придржуваат до мерките донесени од Владата.
-Донесовме рестриктивни мерки, само такви мерки може да доведат до спречување на вирусот, тоа е нешто што мораме да го направиме, за да го намалиме ризикот по сопственото и колективното здравје- рече Филипче.