Филипче: Седете дома! Вакви клинички слики ниту најискусните анестезиолози и интензивисти не виделе досега!


Запрашан да се обрати до нацијата, министерот за здравство Венко Филипче, во “Топ тема” на Телма телевизија, вечерва ја пренесе сликата од болниците и упати силна порака до граѓаните:

“Сите имаме многу голема одговорност. Мора да сме сите свесни дека ако не се почитуваат мерките нема да имаат никаков ефект. Имаме работа со болест која, во некои случаи, а не знаеме кои, дава таква тешка форма да на пациентите им нема спас. Има една таква прогресија да не останува ништо што може да се направи. Вакви клинички слики анестезиолозите и искусните интензивисти не виделе досега. Да е избришана структурата на белите дробови, да е избришана структурата на хепарот, да е целосно изреметена крвната функција е нешто што навистина ретко се гледа.

Граѓаните мора да се свесни дека мора да се придржуваат до мерките заради тоа што со седење дома и со прекинување на сите контакти ние ќе ставиме крај на ширење на вирусот. Само така ќе се спасиме сите! Граѓаните се дел од здравствениот систем и нивниот инпут е многу голем, исто како и на здравствените работници и на целиот систем, но јас сум оптимист и верувам дека сите овие мерки на крајот ќе дадат резултат. Причина за оптимизмот е тоа што немаме експоненцијален скок на бројот на новодијагностицирани пациенти. Некаде после пикот којшто го очекуваме кон крајот на април, притоа пик кој нема да дојде со нагла, остра крива, туку некој благ пораст и понатаму пад на бројот на новодијагностицирани пациенти, прво ќе се спасат животи, второ нема да има многу заболени и здравствениот систем ќе го изддржи овој удар.” – заклучи министерот за здравство Венко Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1