Филмаџија верува дека во ноти се крие тајна за закопано нацистичкото злато


Холандски режисер верува дека тајната на исчезнатото нацистичко злато се партитурата Marsch Impromptu, пишува магазинот Der Spiegel кој потсетува дека златото исчезнало последните денови од нацистичка Германија и дека со децении останува нерешена

Режисерот Леон Гиесен ги проучувал старите записи на партитурата Marsch Impromptu ба композиторот Готфрид Федерлејн и верува дека во нов е запишан клучот до озлогласеното злато којшто го вметнал Мартин Борман личниот секретар на нацистичкиот челник Адоф

За него се особено симптоматични зборовите вметнати во партитурата „каде што Матеј ги влечеше сатенските конци”, што според Der Spiegel Online, се однесува на Митенвлад, град во Германија познат по традицијата на изработка на виолини.

partitura noti

Според Гиесен, таа партитура содржи шематски дијаграм на железничките шини коишто минувале низ градот на почетокот од 1940-те, а зборовите „крајот на танцот” значи дека богатството може да се наоѓа на местото каде што некогаш стоеле железничките браници.

Оваа теорија првпат ја пласираше холандскиот писател Карл Хамер Каатее минатата 2012 година кога ја објави скенираната партитура стара со децении. Самата музика нема ништо исклучително, но писателот состави белешки за разоткривање на мистеријата. Според него, Борман во последните денови од Втората светска војна го искористил Marsch-Impromptu за да ја сокрие тајната локација на којашто е сокриено богатството коешто се состои од 100 златни прачки и колекцијата на дијаманти на Хитлер позната како „Солзите на волкот”. Фирерот, наводон имал намера документот да му биде предаден на секретарот на Националсоцијалистичката партија Франц Ксавер Шварц во Минхен, но наместо тоа Шварц бил уапсен.

Работејќи одделно од писателот Каатее, режисерот Гиесен собираше донации преку интернет за започнување на потрагата во Митенвалд. Првичните дупчења наводно биле успешни, копачите наишле на „невообичаени” метали, вели Гиесен за магазинот.

Инаку Карл Хамер Каатее е познат по книгата што ја објави во 2006 година „Satan’s Song” во којашто е наводно поместена фикциската верзија на вистинската приказна на потрагата на американската разузнавачка агенција CIA по доказите за постоењето на Исус Христос.

Makfax

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1