Филмаџијата откри нови морски видови никогаш досега видени (Фото)


Најдлабоките места на планетава најверојатно ги кријат одговорите за потеклото на животот на Земјата.

Овие микроорганизми кои се исхрануваат од хемикалиите од стари камења на 10,912 метри под површината на Пацификот се откриени преку примероци и видео материјали од Марианскиот ров, како дел од мисијата на режисерот Џејмс Камерон.

Истражувачите веруваат дека ова би ги дало одговорите на прашањата поврзани со појавата на животот на Земјата, а и било каде во Сончевиот Систем.

„Веруваме дека оваа хемија би можела да биде коренот на метаболизмот“, вели Кевин Хенд, астробиолог во Jet Propulsion Laboratory во Пасадена, калиф. „Ова е најверојатно она што ја опттикнало појавата на животот. А веројатно и не само тука, туку и на Европа, замрзнатата месечина на Јупитер.“

Научниците сега анализираат бактерии и други организми кои се донесени на површината.

Џиновски ракови, долги 17cm, биле фатени на 11 километри под површината на Challenger Deep и донесени на бродот. Тестовите покажуваат дека овие суштества содржат делови кои помагаат подобра функција на ткивата и протеините и се идентични на лекот кој се користи за разградување на амилоидните плочки поврзани со Алцхајмеровата болест, вели микробиологот Доу Бартлет.

Според научниците, раниот живот на планетата Земја започнал пред речиси 4 милијарди годинини во слични предели како ровот Марианскиот ров. Температурите биле пониски и змијските камења најверојатно најверојатно го понудиле она што било потребно за почеток на живот.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1