Филмска бркотница на “Партизанска”: Уапсен скопски дилер на кокаин – се тепал со полицијата


Вчера, Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против З.Л. (28) од Скопје поради nеовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги , психотропни супстанци и прекурзори и напад на службено лице при вршење работи на безбедност. На скопјанецот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена.

apsenje dileriОд МВР информираат дека при реализацијата на случајот пронајдени се и одземени вкупно 10,08 грама наркотична дрога кокаин. Имено, по претходно добиено оперативно сознание дека Латифи Зекирија, подолго време се занимава со недозволена трговија со наркотична дрога СВР Скопје, превзема соодветни мерки и активности за обезбедување на материјални докази и фаќање на истиот

-Вчера околу 00:50 часот на булеварот “Партизански одреди“ од страна на УПС сопрено е ПМВ марка “Ауди А-3“ со скопски регистарски таблички управувано од З.Л. кај кого се пронајдени 35 паковки со опојна дрога коакин. Пријавениот, притоа, се обидел да побегне од местото при што со неколку удари со тупаници нападнал едно од ОСЛ во пределот на главата, но бргу е доведен во послушност и е приведен во ПС Кисела Вода, стои во соопштението од МВР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1