Еден 80-годишен Американец на гробишта убил негов врсник, 81 годишен дедо, по што се обидел да и избега од полицијата, која го стигнала и го убила, соопштија денеска американските власти.
Џон Клод од Масачусетс и Едвард Аквисто од Род Ајлен се договориле во понеделникот вечерта да се најдат на гробиштата во Тивертон, каде Аквисто одел да чита Библија, соопшти полицијата.
Аквисто со огнено оружје го убил Клод, а на полицијата не е и познат мотивот за убиство. Аквисто потоа со автомобил се обидел да избега од полицијата, која била информирана за убиството, а кога стигнал до ќор-сокак, пукал кон полицајците кои му возвратиле со оган и го убиле.
Аквисто има полициско досие, осомничен е за едно убиство во 1982 година, а обвинет е и за сексуален напад во 1981 година.