Филмско бегство на Србин од затвор во Австрија


Светските медиуми ја пренесуваат приказната за бегството на државјанин на Србија, кој од австриски затвор бил пренесен во болница во Шердинг, од каде што скокнал низ прозорец.

Четириесет и тригодишниот маж бил осуден за измама и требало да издржи затворска казна до декември в година. Сепак, како што пишуваат австриските медиуми, очигледно не му се допаднало во затворот, па решил да побегне. Тој провоцирал тепачка со затворениците со кои ја делел ќелијата, при што добил повреди, а по бегството, учесниците во тепачката рекле дека тој сам се повредил. Имено, по инцидентот во ќелијата, затвореникот бил префрлен во болница во Шердинг, каде што му пристигнало семејството во посета. Се претпоставува дека тогаш неговиот син му подал мобилен тепефон, преку кој ги договориле деталите за бегството. Веќе следниот ден затвореникот во болницата започнал да повраќа поради што чуварот го отворил прозорецот за да влезе свеж воздух во собата. Токму тоа и бил планот на затвореникот, кој скокнал на грејното тело на ѕидот и преку прозорецот излегол на улицата каде што со автомобил го пречекал син му.

На 20 километри од местото на бегството полицијата го запрела возилото, но во него го затекла само помагачот, а таткото успеал да избега во непознат правец. Против синот е поднесена пријава за давање помош при бегство за што му се заканува казна до две години затвор.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1