Филмско бегство од затвор: Озлогласена шесторка збриша низ канализација


Затворениците побегнале од затворот во Тенеси така што ископале тунел низ ѕидот зад тоалетот.

Се уште трае ловот за последниот, воедно и најопасниот, од шестмината затвореници кои побегнале од затворот во округот Кок.bekstvo-iz-zatvora-tenesi-wc-solja-foto-yt-1482917573-1067299-95822

Ја криеле дупката со ВЦ шољата

Затворениците побегнале токму на Божик, а тоа го направија така што ја извадиле ВЦ шољата до ѕидот, а потоа копале низ бетонот.

Дупката ја криела така што шољата редовно ја враќале на место. Она што им овозможило бегство биле неодамнешните работи на цевките во ѕидот од затворот зад тоалетот.

Им помогнал и затвореникот кој останал во ќелијата.

-Откако се пробиле низ ѕидот, затворенитеците требало само да ја пробијат лимената врата и да се качат на оградата со бодликава жица за да излезат од затворот, изјави шерифот Армандо Фонтес.

Затвореникот кој останал во ќелијата, во која инаку се наоѓале 23 лица, потоа им помогнал на бегалците така што ја турнал ВЦ шољата назад до ѕидот за да изгледа како ништо да не се случило.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1