Финансии се всели во новата зграда


Повисок животен стандард, со повисоки плати, пензии, намалување на невработеноста, повеќе инвестиции, се очекувањата  на премиерот Никола Груевски и вицепремиерот Зоран Ставрески за идното работење на секторите и органите на Министерството за финансии, коешто од вечерва и официјално работи во нов објект во центарот на Скопје.

Во доизградбата на старата зграда, којашто долги години беше карабина Владата инвестираше 15 милиони евра. Во новиот објект именувана „Палата 23 октомври“ организациските единици на Министерството за финансии првпат добија сопствени простории.
finansii-nova-5-640x320
Со ставањето во функција на зградата, наведе Груевски, се решава деценискиот проблем на Министерството за финансии и неговите организациски единици. Веќе нема да се плаќа по 600 илјади евра годишно за кирии, а тие пари ќе се искористат за други позначајни намени. Граѓаните, пак, нема да губат време и да одат во повеќе институции за да завршат работа.

– Новата зграда на МФ има 14.000 метри квадратни распоредени на 11 нивоа, а она што особено ме прави горд е што  освен убавината на овој објект е што истовремено е и извонредно функционален објект, којшто е енергетски најефикасен во Македонија. Се работи за современа градба особено во делот на функционирањето на системите за ладење, греење, и се што една зграда ја прави современа и енергетски ефикасна, рече Ставрески, посочувајќи дека новиот обејкт спаѓа во групата на смарт згради насочени кон заштеда на енергија и заштита на околината.

Во новата зграда се сместени современ прес-центар, како и конференциска сала и најсовремена компјуреска систем сала која, според Ставрески, ќе овозможи непречено функционирање на Министерството за финансии, а пред се на трезорот и буџетот, како витални сектори и на платниот промет на државата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1