Финансиска полиција влезе на Клиниките за хематологија и ревматологија


Финансиска полиција врши истрага во Клиниките за хематологија и ревматологија и во Агенцијата за лекови, објави НОВА. Причината е последната набава на лекот Мабтера, кој наместо од производитл бил донесен преку паралелен увоз.

„ Добивме пријава дека лекот е од паралелен увоз и ќе се утврдува дали станува збор за оригинален лек. Влеговме и на клиниките и во веледрогеријата добавувач за да утврдиме дали имаат сертификат за квалитет и сите други лиценци. Но, ова ќе потрае, сега сме на половина пат“, потврдија за НОВА од Финансиската полиција.

Станува збор за исклучително скап лек(една ампула чини 68 000 денари) за кој имало постапка за интервента набавка бидејќи залихите се потрошиле. НОВА, поикувајќи се на свои извори објави дека веледрогеријата добавувач учествувала со оригинаторен лек и решение за регистрација директно од производителот. Но, наместо од производителот, лекот бил донесен преку паралелен увоз. Дополнително, наводно истата веледрогерија немала право ниту на тоа бидејќи решението за паралелен увоз им било истечено на 30 март.

На Клиниката за ревматологија се сигурни во безбедноста на овој лек, бидејќи како што тврдат, добавувачот доставил сетрификат за квалитет од производителот и сертификат дека е задржан ладниот ланец. За да се увериме дали станува збор за лек од паралелен увоз, НОВА побара и ни беше дозволено да го видиме пакувањето на лекот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1