УХМР со предупредување: Подгответе се за невреме


Времето во текот на денот беше променливо облачно, но метеоролозите имаат лоши информации за попладнево. Тие најавуваат поројни дождови и грмежи.Се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец со температури до 25-от степен.

Во скопско променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне со услови за појава на краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 14 до 24 степени.

Викендов ќе има локална појава на пороен дожд со ретки грмежи, но процесите се очекува да бидат послаби. Потоа и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и појава на грмежи, а процесите ќе бидат со променлив интензитет.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1