Фирмите глава неможат да дигнат од нови прописи, бараат од Владата да ги намали казните


Одредбите од различните законски решенија треба да се преиспитаат и преуредат, со цел да бидат меѓусебно усогласени и да се во корелација со другите закони, кои ги регулираат сличните односи, ова се главните заклучоци на состанокот на Здружението на трговија при Стопанската комора кое се одржа вчера.
Здружението на трговијата при Стопанската комора на Македонија, расправаше за законските решенија кои што имаат влијание врз работењето на стопанските субјекти од областа на трговијата.smetki
Oсобено беа фокусирани: примената на Законот за финансиска дисциплина, проблемите во секојдневното работење и предлози за измена на законските решенија за поефикасно работење на македонските компании и за примената на Законот за данок од добивка и Законот за продонеси од задолжително осигурување.
Уште еднаш беше потенцирано дека се неопходни законски решенија кои ќе придонесат кон намалување на трошоците во работењето во трговијата, но и да се детектираат и сите други парафискални давачки што се појавуваат и што им се наметнуваат на компаниите во секојдневното работење.
Неопходно е драстично да бидат намалени предвидените казни во сите закони кои се однесуваат на трговците, како и укинување на одребите каде што како казна е предвидено затворање на фирмата или забрана на вршење на дејност.
Здружението на трговијата и понатаму ќе ги следи законските прописи од областа на стопанството, што ќе биде приоритет во работата во текот на секој месец од годината и постојано ќе бара контакти со надлежните институции,  со цел донесување измени на законски прописи што позитивно ќе влијаат врз работењето на стопанските субјекти.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1