ФОТО: Тинејџер имал позитивен тест за бременост – но тоа му го спасило животот


Бајрон Гералд имал само 18 години кога по препорака на доктор направил тест за бременост, кој верувале или не, бил позитивен! Но приказната воопшто не е онаква каква што си помисливте, тој дефинитивно не бил бремен.

Бајрон Гералд само што се вратил од летување со пријателите, кога му била воспоставена ужасна дијагноза – рак на тестисите во четврти стадиум, кој се проширил на стомакот и белите дробови.pregnancytest

Она што е необично е фактот дека тестовите за бременост се користат се почесто за поставување дијагноза за оваа ужасна болест, затоа што пациентите произведуваат ист хормон кој го лачи плацентата во развој.

Бајрон веднаш започнал со хемотерапија и радијација.

После секој циклус, лекарите му давале да прави тест на бременост. После некое време, нивото на хормонот почнало да опаѓа, што било добра вест.

-Туморите во моите бели дробови и стомакот се намалуваа, раскажал Бајрон.

Кога завршил со терапијата, тој бил опериран и после тоа му кажале дека е здрав.

“Teenage Cancer Trust” од Кембриџ тврдат дека тестовите за бременост често се користат за поставување дијагнози кај рак на тестисите, и тоа веќе шест години.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1