Физички нападната портпаролката на Кривичниот суд – поднесена е кривична пријава


Во просториите на Кривичниот суд денеска физички била нападната портпаролката П.К. од страна на вработен-раководител.sud mk 1

„Од страна на вработен-раководител на одделот за човечки ресурси Г.С. со физички напад била загрозена сигурноста на еден од портпаролите П.К. во присуство на судија од одделот за претходна постапка С.Ј., така што вработениот Г.С. најпрвин вербално и се заканил на П.К. загрозувајќи и ја сигурноста со упатени закани по животот и телото, по што со примена на физичка сила ја турнал од столчето и ја напуштил просторијата“, соопштваат од Кривичниот суд.

Нападнатата веднаш телефонски го пријавила настанот во МВР при што интервенирала полицијата и случајот е документиран и преземен од инспекторите за насилен криминал при МВР, а против напаѓачот од страна на нападнатата поднесена е кривична пријава по член 144 ст. 3 „Загрозување на сигурноста“, која понатаму треба да се процесуира од надлежните органи. Во врска со настанот и од страна на судската управа ке бидат преземени соодветни мерки.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1