Флај Дубаи и Виз Ер бараат нови авиолинии од македонските аеродрoми


 Авиокомпаниите „Флај Дубаи“ и „Виз Ер“ наскоро треба да добијат одговор од Агенцијата за цивилно воздухопловство за нивните барања за сообраќање на нови авиолинии од аеродормите во Македонија.

aerodrom– „ФлајДубаи“ побараа со летниот ред на летање да добијат дополнителни две фреквенции, а нискотарифната „Виз ер“ имаше барање за обавување летови од Скопје до Дубаи. Двете барања ги разгледуваме и наскоро ќе ги одобриме, рече директорот на Агенцијата за цивилно воздухопловство Дејан Мојсоски, одговарајќи на новинарски прашања на денешната прес-конференција.

Мојсоски се надева дека пред почетокот на летната сезона АЦВ ќе добие барања од нови авиокомпании што би сакале да летаат до Македонија.

Во текот на минатата година од аеродромите во Македонија се регистрирани вкупно 906.871 патници, што претставува пораст од 8,7 проценти во однос на бројот на патници 2011 година.

avion3Зголемување на бројот на превезени патници е забележано на аеродромот „Александар Велики“ во Скопје, каде лани биле превезени 828.831 патници што е за 9,1 процент повеќе споредено со бројот на патници во 2011 година. Исто така, пораст од 5 проценти во однос на претходната година е забележан и на аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, каде минатата година биле превезени 78.040 патници.

Најголем пораст има во бројот на патници на редовните линии, што се должи на воведувањето нови директни дестинации. На редовни линии во 2012 година се регистрирани 715.183 патници, што е за 13 проценти повеќе од 2011 година кога на редовни линии патувале 632.970 патници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1