Фокус: Заев размислува за оставка, можни оставки и на други членови на Владата


Македонскиот премиер Зоран Заев сериозно размислува да си поднесе оставка откако веќе е речиси сигурно дека нема никакви шанси земјава да добие датум за преговори со Европската унија на самитот на шефови на земјите-членки што завршува денеска, брифираат дипломатски извори за Фокус.

Според нив, Заев бил крајно разочаран од негативниот епилог во Брисел, кој, според него, не ги валоризирал компромисите при решавањето на соседските спорови и напредокот на реформски план.

Неофицијално, во тек е координација во СДСМ на целокупниот партиски врв, чии претставници се против ваквото сценарио и се обидуваат да го спречат и разубедат Заев да се повлече премиерската позиција.Во меѓувреме, се појавија информации дека ќе се повлечат и други членови во владата кои водат ресори поврзани со надворешната политика и евроинтеграциите.

Нејасно е дали таа оставка би значела предвремени парламентарни избори веднаш, или пак Заев само ќе го врати мандатот за формирање на влада, по што претседателот на државата Стево Пендаровски може да му го додели на некој друг од владејачката партија.

Што ќе се случи ако премиерот денеска поднесе оставка беше прашан и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски. Тој одговори дека тоа значи формирање техничка влада и нови парламентарни избори.

Од Владата не ја демантираат ниту ја потврдуваат оваа шпекулација.

Заев пред два дена рече дека нема да бега од политичката одговорност за недобивањето на датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1